Напаѓачот на Борусија Дортмунд, младиот 16-годишен Јусеф Мукоко продолжува да испишува историја во Бундеслигата. Со својот гол во поразот од Унион Берлин од 2:1 синоќа, тинејџерот стана најмладиот стрелец во германската елита.
Мукоко го подобри рекордот на играчот за врска на Леверкузен, Флоријан Вирц од 6 јуни 2020 година. Мукоко го имаше своето деби во Бундеслигата на 16 години и 1 ден, што исто така е рекорд.

