Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти навести дека клубот може да го купи играчот за врска на Јувентус, Сами Кедира во зимскиот преоден рок. Светскиот шампион со Германија е непожелен во Торино и веќе две лета „Старата Дама“ се обидува да го раскине договорот со него.
„Сами играше за мојот Реал и играше важна улога на теренот. Имам одлични спомени од него, можеби ќе го контактираме во јануари“, изјави Анчелоти.
Оваа сезона Кедира не заигра за Јувентус. Неговиот договор со клубот е до летото 2021 година.

