Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Нејмар ќе се врати не теренот во јануари
    Фудбал

    Нејмар ќе се врати не теренот во јануари

    risteBy riste19/12/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Бразилската sвезда на ПСЖ, Нејмар најверојатно ќе се врати на терените во јануари, откако се здоби со повреда на скочниот зглоб за време на мечот со Олимпик Лион минатиот викенд, објави францускиот шампион.

    Плејмејкерот, кој пристигна од Барселона, претходно претрпе сериозни повреди на ногата во 2018 и 2019 година. На натпреварот со Лион, тој беше фотографиран со солзи во очите откако имаше старт над него од Тиаго Мендеш од Лион со двете нозе и заработи црвен картон за неговиот старт.

    „Откако се виде дека има изместен лев скочен зглоб, следното нешто што го очекуваме е да поминат модринките и да почне со рехабилитација и движење“, се вели во официјалното соопштение на ПСЖ и додаваат дека се очекува тој да се врати на терените во јануари.

    Веста значи дека Нејмар ќе се опорави на време за мечот на Парижаните против неговиот поранешен тим Барселона од осминафиналето во Лигата на шампионите, што е во вториот месец од следната година. Утре ПСЖ ќе игра со лидерот во Лига 1, екипата на Лил, а Нејмар е во групата на повредени заедно со Пабло Сарабија, Мауро Икарди, Абду Диало, Хуан Бернат и Данило Переира.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.