Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил, кој е избришан од списокот на тренерот Аретата за тековнава сезона, реагираше преку социјалните мрежи по вчерашниот пораз на „топчиите“ на гостувањето кај Евертон.
Неговиот тим загуби со 2:1, со што ја продолжи серијата од седум меча без остварена победа во Премиер- лигата.
Германецот кој најверојатно во 2021 година ќе си замине од „Емирати“, веднаш по дуелот одигран на „Гудисон парк“ напиша на Твитер дека му се крши срцето затоа што Арсенал не игра како што треба.
