Францускиот стратег на клупата на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, кој има договор до 2022 година, објасни дека нема преговори за продолжување на соработката со челниците од „Сантијаго Бернабе“ .
„Не преговараме, имам договор и нема да барам ништо. Среќен сум во еден од најдобрите клубови на светот“ – изјави тренерот на „белите“.
Шпанските медиуми шпекулираат дека Зидан кој се врати на клупата на Реал Мадрид во 2019 година, најверојатно нема да добие продолжување на договорот.
