Во натпреварот од 14. коло на англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед на стадионот „Олд Трафорд“ го пречека Лидс Јунајтед.
Овој натпревар влегува во историјата на Премиерлигата поради рекордот кој го постави играчот на Манчестер Јунајтед, Скот Мектоминеш кој успеа да постигне два гола за својата екипа за само 3 минути.
Според „Опта Спорт“, играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Скот Мектоминај стана првиот играч во историјата на англиската Пермиер лига, кој станал двоен стрелец до третата минута од натпреварот. Ова се првите голови на 24-годишниот играч во Премиер лигата оваа сезона.

