Португалската суперѕвезда од екипата на Јувентус, Кристијано Роналдо ја доби наградата „Златна нога“, потврдија на официјалната веб-страна „Старата дама“.
Веста дека Роналдо е победник беше објавена на 1 декември, но доделувањето на трофејот се случи во неделата. Сите победници на ова престижно признание оставаат отисоци од своите стапала, кои потоа се додаваат на Алејата на шампионите во Монте Карло.
Наградата се доделува еднаш годишно и им се доделува на играчите за високи спортски достигнувања. Исто така, постои ограничување во возраста, така што победникот мора да има најмалку 29 години.

