Џенова официјално го отпушти тренерот Роландо Маран, а Давиде Балардини е негов наследник.
Тимот на Горан Пандев утрово објави дека по поразот од Беневенто со 2:0 во неделата и серијата без победа од 12 последователни натпревари во Лигата е причина поради која Маран мораше да си замине од клупата на тимот.
Претседателот Енрико Прециози одлучи да се раздели со Маран, кој беше донесен на местото на Давиде Никола минатото лето.
Давиде Балардини е човекот кој ќе се врати на „Мараси“, откако треба да ги помине формалностите со управата.

