Давиде Балардини го презеде кормилото на италиајнскиот состав Џенова за кој настапува и нашиот Горан Пандев. Тој попладнево го имаше и првиот тренинг.
Балардини во три наврати беше на кормилото на Џеновјани. Сега ќе ја има улогата на спасител со оглед на тоа дека екипата е на претпоследното место со само седум бодови од 13 одиграни кола.
Според очекувањата, претходниот тренер на Џеновјани, Роландо Маран, доби отказ по поразот од Беневенто.

