Баерн Минхен на својата веб-страница ги објави резултатите од гласањето за најдобар фудбалер на тимот во ноември.
Напаѓачот Кингсли Коман беше прогласен за најдобар на минатиот месец , со три гола и две асистенции во тој период. Французинот доби 42% од гласовите.
Зад него се најдоа напаѓачот Томас Милер, голманот Мануел Нојер (двајцата имаат по 21%), играчот за врска Џамал Мусиала (7%) и напаѓачот Роберт Левандовски (4%). Баерн Минхен со 30 бода во 13 кола е на првото место во поредокот во германската Бундес лига, со два бода пред најблиските ривали Баер Леверкузен и РБ Лајпциг.
Во Лигата на шампионите, избраниците на Ханс-Дитер Флик завршија први во групата со Атлетико, РБ Салцбург и Локомотив Москва. Во 1/8 финалето, Баерн Минхен ќе игра со Лацио.
