Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Дани Себалјос, нема намера да се врати во Реал Мадрид додека Зинедин Зидан таму ја извршува улогата на главен тренер, пренесуваат дел од медиумите.
24-годишниот Шпанец кој игра на позајмица во Арсенал се наоѓа на платниот список на „белите“. Тој бидејќи има многу лоши односи со Зидан, не сака да се врати на „Сантијаго Бернабе“.
Во исто време, се шпекулира дека Арсенал не е подготвен да му го откупи договорот бидејќи од почетокот на сезоната има само една асистенција на 13 натпревари во Премиер-лигата.

