Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти, пред денешната пресметка со Манчестер Јунајтед откри дека имал понуда да го води тимот од „Олд Трафорд“, но, ја одбил.
„Можам да кажам дека имам фантастичен однос со Сер Алекс Фергусон. Се сретнавме кога тој реши да се пензионира, тој сакаше јас да го наследам, но во тоа време бев блиску до Реал Мадрид и одбив“ – вели тренерот на Евертон.
„Манчестер Јунајтед е фантастичен тим, сум имал многу битки против Сер Алекс Фергусон кога бев тренер на Челзи“ – потенцираше италијанскиот тренер.

