Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Андреа Пирло, ја прокоментира одлуката на Италијанскиот олимписки комитет кој наложи мечот со Наполи да се одигра иако „старата дама“ првично го доби на „зелената маса“.
„Разочаран сум бидејќи други тимови имаа поголеми проблеми а мораа да играат, тоа не е фер“ -вели Пирло.
„Не велам дали одлуката е правилна или не, но, имаше екипи кои беа во потешка ситуација“ – нагласи тренерот на „старата дама“.

