Најдобрите тенисери ќе учествуваат на Австралија Опен, изјави Директорот на првиот сезонски Грен Слем, Крег Тајли. Собирот во Мелбурн кој ќе се реалзира под посебни протоколи поради пандемијата со ковид-19 ќе започне во февруари.
„Пријавите за учество набрзо ќе се затворат. Очекува да дојд еи Федерер. Ќе обезбедиме летови за сите учесници кои ќе треба да направат тест за корона-вирусот“ – нагласи Тајли.
Квалификациите за прв пат ќе се играат во Доха од 10 до 13 јануари. Потоа сите што ќе обезбедат место во главната шема ќе се преселат на терените во Мелбурн.

