Играчот за врска на Ливерпул, Тиаго Алкантара заедно со Џејмс Милнер и Шердан Шаќири се вратиле на тренинг на својата екипа.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп претходно зборуваше за состојбата на играчот од средниот ред Тијаго Алкантара. Ќе потсетиме, Тиаго се повреди на мечот од 5. коло на англиската Премиер лига со Евертон (2:2).
Алкантара се пресели во Ливерпул на 18 септември за 20 милиони фунти (скоро 22 милиони евра), кои ќе бидат исплатени за времетраењето на договорот со шпанскиот фудбалер, со дополнителни 5 милиони фунти (5,5 милиони евра) во вид на бонуси. Оваа сезона, играчот за врска учествуваше на 2 натпревари од англискиот шампионат.

