Кристијан Ериксен е подготвен да го напушти Интер следниот месец, откако не успеа да се вклопи во тимот од „Сан Сиро“.
Интер му плати на Тотенхем 16,9 милиони фунти за данскиот играч за врска во јануари оваа година, но по неполна година 28-годишниот фудбалер е на пат да си замине, откако имаше само четири натпревари во Серија А оваа сезона.
Интер би бил подготвен да разгледа договор за заем, иако тие претпочитаат директна продажба. Извршниот директор на Интер, Бепе Марота, за Скај Спортс Италија изјави дека Ериксен, дефинитивно, ќе биде на трансфер листа.

