Исландската фудбалска федерација вчера објави дека Арнар Винарсон е назначен за нов селектор на А-репрезентацијата, против која Македонија ќе игра во циклусот квалификации за СП 2022.
Винарсон во јануари 2019 година беше ангажиран како селектор на репрезентацијата до 21 година и сега ќе се повлече од таа работа. Негов асистент во репрезентацијата ќе му биде Еигур Смари Гујонсен, кој работеше со него во репрезентацијата до 21 година.
Македонија првиот меч со Исланд во квалификациите за СП 2022 ќе го одигра на 5 септември на гостински терен.

