Играчот за врска на Тотенхем Џовани Ло Селсо нема да игра повеќе до крајот на годината и го пропушта згуснатиот циклус околу Божиќ и Нова година, бидејќи на мечот со Лестер се здоби со повреда на бутот, објави менаџерот на Тотехем , Жозе Мурињо.
Аргентинецот се појави на теренот во второто полувреме и мораше да ја напушти играта нешто подоцна. Тотенхем загуби минатиот викенд на овој натпревар со 0:2. Така, 24-годишниот Ло Селсо испадна од плановите на Мурињо за трите натпревари во следните седум дена. Сепак, играчот за врска Танги Н’Домбеле, кој неделава го пропушти натпреварот од Лига купот против Стоук Сити, сега е на располагање.
Сепак, Мурињо ќе го остави надвор од составот уште некое време.
„Џовани не е подготвен. Не знам кога ќе се врати. Сепак, тој сигурно нема да игра околу Божиќ и Нова година. Танги целосно се опорави, но тој нема да патува со нас и тоа е моја одлука”, изјави Мурињо пред да замине за натпреварот со Вулверхемптон.

