Манчестер Сити на својата официјална веб-страница објави дека имаат неколку позитивни тестови за коронавирус по последната проверка.
Инфекцијата е идентификувана кај дефанзивецот Кајл Вокер и напаѓачот Габриел Жесус. Покрај фудбалерите, заразени се уште две лица од тимот. Сите тие ќе ја поминат во следниот период во изолација.
Манчестер Сити со 23 бода на 13 натпревари е осми на табелата во Премиер лигата, со 8 бода помалку од лидерот во ова натпреварување, Ливерпул.
Во следното коло, избраниците на Пеп Гвардиола ќе игра против ЊукаслЈунајтед, кој е на 12-то место. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Етихад“ во Манчестер утре со почеток во 21 часот.

