Тренерот на Шефилд Јунајтед, Крис Вајлдер, изјави дека фудбалерот, Сандер Берже, имал успешна операција на ногата и дека нема да се појави на теренот во наредните три месеци. 22-годишниот играч за врска се повреди на дуелот со Манчестер Јунајтед во изминатата недела.
„Тоа е навистина голема загуба за нас. Тој нема да игра најмалку три или четири месеци” рече Вајлдер на денешната средба со новинарите.
Шефилд има само два бода од 14 одиграни натпревари и се наоѓа на 20-то место во Премиер-лигата. Популарните „сечила“ наредниот меч ќе го одиграат на 26 декември на домашен терен против Евертон.

