Дефанзивецот на фудбалскиот состав Арсенал, Шкодран Мустафи нема да се пресели во Барселона, пренесува денеска весникот – „Мундо Депортиво“.
Во текстот се наведува дека каталонскиот клуб нема намера да потпише со 28-годишниот Германец додека неговиот агент за тарнсфери изјави, дека сепак се преговара со шпанскиот гигант.
Мустафи во тековнава сезона одигра 8 натпревари за Арсенал, но, не успеа да постигне гол. Неговата трансферна вредност се проценува на околу 12 милиони евра.

