Натпреварите во англиската Премиер лига без присуство на публика повеќе личат на тренинг, изјави фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ.
„Натпреварите без присуство на гледачи на стадионите се како бледи копии или само како тренинг. Пандемијата на коронавирусите ги направи работите крајно различни. Ливерпул во друга ситуација никогаш нема да загуби 7:2 против Астон Вила“ – изјави Матиќ.
Манчестер Јунајтед наредниот меч ќе го одигра утре на теренот на Лестер. Во моментов, минимален број навивачи имаат дозвола да присуствуваат на натпреварите во одредени делови на Англија.Тоа не е случај со стадионите во Манчестер.

