Напаѓачот на Сао Паоло, Бренер Соуса да Силва може да ја продолжи кариерата во Јувентус. Како што се наведува, 20-годишниот бразилски напаѓач се најде во потесниот избор на италијански шампион.
Вредноста на младиот фудбалер е проценета на само 1,3 милиони евра. Тој дебитираше за Сао Паоло во 2017 година и договорот со клубот му истекува во 2022 година.

