Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не гледа причина зошрто Мохамед Салах да сака да го напушти шампионот во Премиер лигата, но додаде дека нема да го задржи спротивно на неговата волја.
Египќанецот неодамна за шпанскиот весник „АС“ изјави дека им се восхитува на Реал Мадрид и Барселона, што ги зголеми пишувањата во британските медиуми дека сака да ги напушти „црвените“.
„Мислам дека единствената причина да сака да си оди од Ливерпул во моментов е времето. Која друга причина може да ја има?”, рече Клоп на прес-конференцијата вчера.
„Ливерпул е еден од најголемите клубови во светот, плаќаме многу пари, имаме одличен стадион со исклучителни навивачи. Вие не можете да ги присилувате луѓето да останат. Ние правиме промени и привлекуваме играчи и ако некој сака да замине, тогаш не можеме да му застанеме на патот, само едноставно не разбирам зошто некој би сакал да замине“, прокоментира Клоп.
