Маурисио Покетино поставил услов за раководството на францускиот шампион ПСЖ за да ја официјализираат соработката. Тој побарал клубот да го донесе Лионел Меси од Барселона во францускиот шампион.
Според „Ле Паризиен“ аргентинскиот стратег не е подготвен да ја преземе функцијата доколку се исполнети неговите услови. Сепак, ваквиот трансфер не изгледа целосно невозможен, бидејќи sвездата на Барселона минатото лето јавно посака да ги напушти Каталонците.

