Дефанзивците на Манчестер Сити, Ерик Гарсија и Александар Зинченко нема да го напуштат клубот во јануарскиот преоден рок, пренесуваат медиумите во Англија.
Се тврди дека и двајцата играчи ќе го напуштат клубот во зима само под еден услов – доколку биде добиена солидна понуда за трансфер. Манчестер Сити нема притисок за да се ослободи од Гарсија и Зинченко, со оглед на густиот распоред на натпревари во зима и пролет.
Беше објавено дека Манчестер Сити е подготвен да се раздели со Зинченко. Јувентус и Наполи покажаа интерес за украинскиот фудбалер. Оваа сезона Зинченко учествуваше на 5 натпревари во сите натпреварувања. Тековниот договор на украинскиот фудбалер со Манчестер Сити е до јуни 2024 година.

