Агент на напаѓачот на Интер Лаутаро Мартинес ги демантираше информациите за трансфер на неговиот клиент во Барселона во текот на зимскиот трансфер период.
„Лаутаро е среќен во Интер. Тој постојано се развива, има огромен потенцијал. Тој има тригодишен договор со Интер и кој сака да го купи мора да преговара со клубот. Но, тој е среќен во Интер и сака да остане”, изјави агентот Бето Јаке, за аргентинското издание „Оле“.
Оваа сезона, Мартинез има 20 натпревари за Интер со 7 голови и 5 асистенции.

