Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Нејмар се најде на удар на јавноста во Бразил откако се обелодени дека организира масовна забава во Бразил.
Дваесет и осумгодишниот играч и покрај пандемијата на корона-вирусот, покани 500 луѓе на приватна журка до Нова година. Играчот на францускиот тим изнајмил и соседна куќа за околу 5.000 евра како и бенд да свири на забавата.
Бразил е една од најпогодените земји од пандемијата на Ковид-19. Според статиситката, таму се починати повеќе од 190.000 луѓе.

