Тренерот на фудбалерите на Челзи, Франк Лампард, по поразот на гостувањето кај Арсенал во тековното коло во Премиер-лигата, вели дека Тимо Вернер кој беше ангажиран во текот на летото како големо засилување воопшто не ги исполнува очекувањата.
Менаџерот на „сините“ откако се осврна на прикажаното на мечот со „топчиите“, посебно се насочи и кон бледите партии на напаѓачот кој беше купен од германскиот РБ Лајпциг.
„Одигравме лошо во првиот дел. Ќе видиме што ќе правиме со Вернер. Тој не одигра ништо ниту во поле ниту пред голот на противникот. Ќе треба да разговарам со него иако мислам дека краткото време за адаптација е најголемиот проблем“ – наведе тренерот на Челзи.

