Фудбалерите на Арсенал со вчерашната победа против Челзи ја прекинаа лошата серија во Премиер-лигата. Тренерот на „топчиите“, Микел Артета, вели дека значајниот триумф треба да донесе нови нешта во неговиот состав.
„Нема ништо подобро од победа против Челзи во лондонското дерби и тоа на „Боксинг Деј“. Се надевам дека работите ќе се придвижат кон подобро“ – потенцираше Артета.
„Имавме проблеми со заболени фудбалери од ковид и со повредени. Мислам дека добро го започнавме мечот и имавме контрола на теренот. Треба да продолжиме така и да имаме самодоверба“ – изјави Артета.

