Играчот за врска на Интер, Раџа Наинголан би можел да се врати во Каљари во текот на зимскиот преоден рок, објавија италијански медиуми.
Каљари активно работи на идејата за трансфер на 32-годишниот играч. Наинголан играше за Каљари од 2010 до 2014 година, а неговиот договор со Интер е до јуни 2022 година.
Оваа сезона Белгиецот настапи на само 4 натпревари на Интер, во кои влезе како резерва.

