Францускиот фудбалски шампион ПСЖ се договори за условите на договорот со аргентинскиот тренер Маурисио Покетино, објави на Твитер новинарот Фабрицио Романо.
Документите се потпишани по отстранувањето на последната пречка – условите за предвремено раскинување на договорот со германскиот тренер Томас Тухел, кој беше предводник на францускиот тим од 2018 година. Според информациите, Германецот ќе добие 6 милиони евра обештетување и веднаш ќе замине.
48-годишниот Покетино претходно работеше за шпанскиот Еспањол, за англиските Саутемптон и Тотенхем, со кои во сезоната 2018/2019 за прв пат во историјата на клубот се пласираше во финалето на Лигата на шампионите.

