Натпреварот од 16-то коло во Премиер лигата помеѓу Евертон и Манчестер Сити нема да се одигра, објави „Би-Би-Си“.
Според информацијата која беше објавена, причината за оваа одлука била избувнувањето на коронавирусот кај „граѓаните“.
Во петокот, клубот соопшти дека КОВИД-19 е идентификуван кај напаѓачот Габриел Жесус, одбранбениот играч Кајл Вокер и уште двајца членови на тимот. Новите информации велат дека идентификувани се нови инфекции во клубот, па токму поради тоа натпреварот против Евертон е откажан.

