23-годишниот бразилски дефанзивец во редовите на Арсенал Габриел се разболел како резултат на инфекција со коронавирус, објави „Sky Sports“.
Сега играчот, според прописите на Велика Британија, ќе мора да биде во самоизолација. Тој ќе пропушти најмалку две претстојни средби во англиската Премиер лига, против Брајтон и Вест Бромвич.
„Габриел беше позитивен на КОВИД-19 и е изолиран во согласност со протоколите на владата на Велика Британија и Премиерлигата. Ние ќе продолжиме да го следиме и поддржуваме Габриел и се надеваме дека тој ќе биде повторно достапен по нашите следни два натпревари“, се вели во официјалното соопштение.
Да потсетиме, Габриел стана играч на лондонски Арсенал во последниот преоден рок, преселувајќи се од француски Лил за 26 милиони евра. Оваа сезона тој досега одигра 15 натпревари за „топџиите“ во сите натпреварувања, постигнувајќи 2 гола.

