Дефанзивецот на Ливерпул, Жоел Матип наскоро ќе го знае времето за закрепнување по повредата.Овој фудбалер се повреди на мечот од 15. коло на англиската Премиер лига со Вест Бромвич Албион (1:1).
Во второто полувреме, тој посегна по топката, по што почувствува болка во препоните и не можеше да продолжи со играта. Според „Дејли Меил“, денес Жоел Матип ќе биде подложен на дополнителен преглед за да се утврди сериозноста на повредата. Во најлошо сценарио, дефанзивецот ќе пропушти неколку недели. Во исто време, тренерот на „црвените“ Јирген Клоп се уште не е решен да го засили центарот на одбраната во зимскиот преоден рок.
Да потсетиме, поради тешките повреди, Ливерпул не може да смета на Вирџил ван Дајк и Џо Гомез. Во центарот на одбраната е принуден да игра со дефанзивниот играч за врска Фабињо, како и младите Филипс и Рис Вилијамс.

