Шпанскиот тренер на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, планира да испрати понуда до играчот за врска на Севилја, Жоан Жордан, објавија англиските медиуми.
„Топчиите“ имаат лоша сезона а главниот проблем е тоа што имаат повредени играчи и краток ростер. Затоа Артета сака да обезбеди свежа крв во јануарскиот трансфер период а изборот паднал на 26-годишниот Жордан кој има договор со Севилја до јуни во 2023 година и откупна клаузула од 60 милиони евра.
Се претпоставува дека таа сума може да биде преполовена и трансферот набрзо да се реализира.
