Норвешкиот фудбалски интернационалец во редовите на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, ја надмина повредата и ќе може да се врати на теренот во почетокот на наредната година. Тој најверојатно ќе биде во тимот на „милионерите“ на мечот со „волците“ закажан во рамките на 14-то коло во Бундес-лигата.
„Рехабилитацијата на Халанд беше успешна. Очекуваме да биде активен на мечот со Волфсбург на 3 јануари “ – изјави спортскиот директор на Дортмунд, Мајкл Зорк.
Одличниот напаѓач кој од почетокот на сезоната има 17 голови и три асистенции, поради повреда, мораше да пропушти дури седум натпревари.

