Шпанскиот фудбалски состав Атлетико Мадрид објави спогодбено ја прекинал соработката со напаѓачот Диего Коста.
Клубот наведува дека тоа се должи на лични причини на фудбалерот и дека договорот е раскинат шест месеци пред да истече. Тоа значи дека „пргавиот“ голгетер по втор пат го напушти Атлетико Мадрид откако тоа го направи и во 2014 година по шест успешни сезони.
Коста за шпанскиот тим има одигран 215 мечеви со ефект од 83 гола и 36 асистенции.

