Играчот за врска на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис е прогласен за најдобар спортист на годината во Канада од страна на Постмедија, се наведува на официјалната веб-страница на Канадскиот фудбалски сојуз.
Фудбалерот на Баерн ја освои наградата машки спортист на годината 2020. Дејвис е двократен добитник на наградата, претходно ја доби наградата во 2018 година. Тој исто така го освои Трофејот Лу Марш, традиционалниот избор спортист на годината во Канада од страна на спортските новинари на главните медиуми во Канада. Тој е првиот Канаѓанец што беше дел од наградите кои ги додели ФИФА на најдобрите во 2020 година.
Дејвис потпиша со Баерн Минхен во јули 2018 година. Договорот важи до 2023 година. Играчот стана првиот Канаѓанец кој ја освоил Лигата на шампионите. Дејвис има 11 настапи оваа сезона и една асистенција. Во декември, Дејвис беше прогласен за најдобар фудбалер на Канада за 2020 година.

