Во 16-то коло на „Ла Лига“, Барселона на домашниот натпревар одигра нерешено со Еибар (1:1). Барса има освоено 25 бода на 15 натпревари и се наоѓа на шестото место, ова е најлош старт за каталонците од 2003 година.
Во сезоната 2003/2004, тимот предводен од Френк Рајкард освои 20 поени на 14 натпревари. Барселона го заврши тој шампионат на второто место, освојувајќи 72 поени на 38 натпревари.
Вчера Барселона најнапред не успеа да дојде до предност откако Мартин Брајтвајт не реализираше пенал во 8-та минута, а потоа во 57.минута Кике постигна гол за Еибар. Сепак Дембеле израмни во 67.минута, но до крајот Барселона не успеа да дојде до победа.

