Ветеранот Фабио Кваљарела ќе потпише нов договор со Сампдорија, тврди „Газета дело Спорт“.
Иако има 37 години, поранешниот италијански репрезентативец не престанува да постигнува голови и има 7 гола од почетокот на тековната сезона во Серија А. Тој е со обврски во клубот до летото 2021, но управата на Сампдорија веќе одлучи да му понуди продолжување на договорот за уште 12 месеци. Кваљарела дојде во Сампдорија во 2016 година од Торино.
Напаѓачот продолжува да биде важна фигура во тимот на Клаудио Раниери, а за целиот свој престој во Џенова постигна вкупно 91 гол на 201 натпревар. Во Серија А, Кваљареала го носеше дресот на екипите на Асколи, Наполи, Торино, Удинезе и Јувентус.

