Многу е веројатно дека сите професионални играчи во италијанскиот фудбал ќе бидат обврзани да бидат вакцинирани против коронавирус.
Франческо Браконаро, кој е дел од раководството на фудбалска федерација, смета дека ова е единствената правилна одлука во моментот.
„Вакцинирањето на сите професионални фудбалери во Италија е опција за која треба да се разговара“, рече Браконаро кој дава поддршка на претседателот на лигата Франческо Гирели, кој е на мислење дека сите играчи мора да бидат вакцинирани. „Со оглед на тоа низ што поминавме последните 10 месеци – едноставно нема друга алтернатива. Сè уште не сме разговарале за ова прашање со медицинскиот комитет, но мислам дека е добра идеја да се вакцинираат“ додаде Браконорао.
Италија е меѓу најпогодените земји од пандемијата. Засега, фудбалскиот шампионат таму е според распоредот, но се уште нема публика на стадионите.

