Челниците на фудбалскиот состав Милан, не успеаа да го добијат судскиот случај поврзан со 5,3 милиони евра, информира – „Газета дело Спорт“.
Станува збор за тужбата што ја поднесе поранешниот директор на клубот, Звонимир Бобан , кој беше вмешан во скандал со извршниот директор, Иван Газидис. Откако управата одби да му ја исплати сумата, Хрватот го префрли случајот во Судот во Милано. Таму донесоа одлука дека „росонерите“ треба да ја платат сумата.
Победата на Бобан се уште не е конечна, бидејќи калчо-лигашот најверојатно ќе се жали кај повисоките инстанци.
