Фудбалерите на Арсенал вчера славеа на теренот на Брајтон со што направија две врзани победи во Премиер-лигата вклучувајќи го претходно и дуелот со Челзи. Нивниот менаџер, Микел Артета, вели дека со трумфот во лондонското дерби бил направен првиот значаен чекор за надминување на кризата.
„Сакавме да постигнеме добар резултат. Фактот што го победивме Челзи пред три дена ни даде уште поголем стимул. Успеавме и ги зедовме трите бода” – не го криеше задоволството Артета по вчерашната минимална победа од 1:0.
„Горд сум на играчите. Лаказет е во добра форма и верува во неговите квалитети. Пред паузата не создадовме многу шанси, но, потоа нашата игра се подобри“ – потенцираше шпанскиот тренер на клупата на „топчиите“.

