УО на Фудбалската федерација на Македонија, одлучи да додели премија од 23.000 евра на младата селекција за одличните игри и резултати во квалификациите за ЕВРО 2021 година.
У-21 селекцијата заврши на второто место во групата веднаш зад големиот фаворит Шпанија и само поради новиот систем на УЕФА не успеа да замине на Континеталниот собир.
Наградата од ФФМ е секако одличен потег и треба да претставува дополнителна мотивација за наредните елиминациски предизвици.

