Фудбалерите на Ливерпул вчера одиграа нерешено 1:1 на теренот на Њукасл во рамките на 16 коло во Премиер лигата а нивниот тренер, Јирген Клоп, вели дека е задоволен од играта а не и од резултатот.
„Мислам дека денеска заслуживме да победиме. Имавме многу шанси што не ги искористивме. Можеме да играме подобро“ – вели германскиот стратег.
„Нормално е дека сме разочарани иако нема причина за тоа. Противниците во Англија се многу силни и се случуваат такви нешта“ – изјави тренерот на „црвените“.

