Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, се надева дека неговите фудбалери ќе ја задржат челната позиција и на крајот од сезоната и ќе се израдуваат на титулата. Тoa последен пат се случи во 2014 година.
„Минатата сезона ја постигнавме нашата цел и игравем во Лигата на шампионите. Таму бевме одлични со Ливерпул, но, потоа загубивме во четвртфиналето“ – вели Симеоне.
„Сега започнавме добро. Фудбалерите се мотивирани и треба да продолжиме со истиот ритам“ – потенцираше тренерот на шпанскиот состав.

