Фудбалерот на Реал Мадрид, Касемиро, одби да го коментира судењето на вчерашниот меч со Елче кој заврши 1:1 со што беше запрена победничката серија на неговиоt состав.
„Кралевите“ имаа предност по првиот дел а домаќинот успеа да зиедначи во 52 минута откако судијата Хорхе Фигероа покажа на белата точка. Токму тој миг не сакаше да го коментира играчот на гостите.
„Ние не зборуваме за судиите. Постојат луѓе кои се задолжени да коментираат за судиите и ВАР. Нашите ривали добро нè проучуваат и се обидуваат да ни создадат проблеми” – изјави искусниот фудбалер.

