Шпански Бетис на својата официјална веб-страница објави дека има три случаи на инфекција со коронавирус во тимот.
Фудбалерите Мартин Монтоја, Родригез Хоакин и Андрес Гвардадо биле позитивни на последните тестирања. Сите играчи се во самоизолација во своите домови.
Денес Бетис треба да го одигра мечот од 17-то коло во шпанскиот шампионат со Севиља, и со отсуството на овио тројца сигурно ќе биде сериозно ослабен.

