Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, вели дека сите успеси во 2020-та година треба да се заборават и мислите да се насочат кон утрешниот дуел со Беневенто.
„Ги имаме основите и мора да додадеме мотивација на секој натпревар. Треба да одиме на победа“ – вели Пиоли.
„2020 година беше добра затоа што сите мои фудбалери се обидоа да го покажат целосниот потенцијал. Ја започнуваме годинава со голем ентузијазам и верба во нашите квалитети” – додаде тренерот на „росонерите“.

